Тит 1:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Многу точно ги опишал! Сериозно да ги искараш, за да и се вратат на здравата вера,

14. да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.

15. За оној што е во срцето чист, се е чисто. За оние, пак, што се неверни, чии умови се валкани, чија совест е нечиста, за нив ништо не е чисто.

16. Тие тврдат дека Го знаат Бога, но со своите постапки го докажуваат спротивното. Одвратни се, непокорни и неспособни да направат барем нешто добро.

Тит 1