Римјаните 5:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Сега, кога стекнавме праведност преку вера, живееме во мир со Бог по заслуга на нашиот Господ Исус Христос.

2. Благонаклоноста на Бог спрема нас, која сега ја уживаме, ја добивме преку вера во Исус Христос. Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме и ние да ја споделуваме Божјата слава.

3. Но тоа не е се. Ние ја гледаме светлата страна и кога поднесуваме неволи, свесни дека преку неволи се здобиваме со трпеливост,

4. трпеливоста гради цврст карактер, а карактерот ни ја одржува надежта

Римјаните 5