3. Како Божји гласник, избран врз основа на Неговата благонаклоност, на секој од вас му порачувам дека за себе не треба да има повисоко мислење одошто заслужува. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност според големината на верата што Бог ви ја дал.
4. Како што ние во своето тело имаме многу органи и секој орган си има своја улога,
5. така е и со Црквата - телото Христово. Сите ние сме органи на „Христовото тело“ и имаме потреба еден од друг.
6. Бидејќи Бог ни беше благонаклонет, на секој од нас му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува согласно со верата што ја има.
7. Ако е некој надарен да служи, нека служи; ако е надарен да поучува, нека поучува;
8. ако е надарен да ги охрабрува луѓето, нека го прави тоа. Ако е некој дарежлив, нека дава штедро. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.
9. Сакајте ги луѓето искрено, а не лицемерно. Мразете се што е зло и решително правете добро.
10. Сакајте се срдечно како браќа. Кога се работи за почести, давајте им предност на другите.
11. Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со пламенен дух.
12. Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.
13. Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви.