11. Копнеам да ве видам, за да можам да споделам со вас некој духовен дар, па да зацврснете.
12. Сакам да ве охрабрам во вашата вера, но сакам и јас да се охрабрам од вас.
13. Сакам да знаете, драги пријатели, дека многупати посакував да дојдам кај вас, за да има плодови и меѓу вас од мојата работа, како што има меѓу другите народи. Но се досега бев спречен.
14. Се чувствувам должен и спрема просветените народи и спрема варварите, и спрема мудрите и спрема неразумните,
15. па, колку што тоа зависи од мене, желен сум да дојдам и кај вас во Рим, за да ви ја проповедам Радосната вест.
16. Не, јас не се срамам од Радосната вест за Христос. Таа е силата со која Бог ќе го спаси секој што верува: почнувајќи од Евреите, а потоа и другите народи.
17. Таа ни открива дека Бог не оправдува само преку вера. Токму тоа и го пишува во Светото Писмо: „Праведникот ќе живее преку вера.“
18. Бог го излева Својот гнев од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што ја отфрлаат вистината,
19. затоа што тие го имаат неопходното знаење за Бог, Кој кај сите нас го има всадено тоа знаење.
20. Она што кај Бог е невидливо, имено Неговата вечна моќ и божествена природа, можат јасно да се согледаат уште од создавањето на светот и да се разберат преку се што е создадено. Затоа нема оправдување за оние што немаат почит спрема Бог.