Откровение 7:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. и на цел глас пееја: “Спасението е дело на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“

11. Сите ангели, кои стоеја околу престолот, околу старешините и околу четирите суштества паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог,

12. велејќи: “Амин! На нашиот Бог Му припаѓа благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, власт и моќ! Амин!“

13. Еден од старешините ме праша: „Знаеш ли кои се и од каде доаѓаат овие што се облечени во бели облеки?“

14. Јас му одговорив: „Господине, Ти го знаеш тоа!“ Тогаш тој ми рече: „Тоа се оние што минаа низ големи страдања. Тие ги избелија своите облеки перејќи ги во крвта на Јагнето.

Откровение 7