Откровение 4:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Ликот на Тој што седеше на престолот Му блескаше како скапоцените камења јаспис и карнеол. Околу престолот имаше круг од божилак, со боја на смарагд.

4. Исто така, околу централниот престол имаше дваесет и четири други престоли. На нив седеа дваесет и четири старешини, облечени во бели облеки, со златни венци на главите.

5. Од централниот престол излегуваа молскавици, грмежи и татнежи. Пред престолот гореа седум факли кои Го претставуваа седумкратниот Божји Дух.

6. Исто така, пред престолот се простираше нешто што прилегаше на стаклено море, бистро како кристал. Околу централниот престол имаше четири живи суштества полни со очи и однапред и одназад.

Откровение 4