Откровение 3:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. „До гласникот на црквата во Филаделфија напиши го следново: Ова ви го порачува Светиот, Вистинитиот, Оној што ги има клучевите на Давид, Оној што отвора врати и никој не може да ги затвори, а кога ќе затвори - никој не може да отвори!

8. Вашите дела Ми се познати. Пред вас поставувам отворена врата што никој не ќе може да ја затвори! Зашто, и покрај малата сила што ја имате, вие останавте послушни на Мојата порака и не одрековте дека сте следбеници на Моето име.

9. Еве, ќе видите што ќе им направам на припадниците на сатанското собрание, тие лажговци кои тврдат дека се Божји народ, а не се. Ќе ги натерам да дојдат кај вас и да ви клекнат на колена, за да сфатат дека Мојата љубов е спрема вас!

10. Бидејќи вие бевте послушни спрема Мојата порака и издржавте, затоа Јас ќе ве заштитам од времето на искушение што ќе ги зафати сите жители на Земјата.

11. Ќе се вратам набргу! Задржете го цврсто она што го имате и никој нема да ви го земе венецот што ќе го добиете како награда!

Откровение 3