Откровение 16:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Тие војски ќе се соберат на местото кое на хебрејски се вика Хар Мегидо.

17. Седмиот ангел го истури својот сад во воздухот и во истиот миг од престолот во Храмот се огласи многу силен глас, кој рече: „Завршено е!“

18. Тогаш болснаа молскавици, зататнеа громови и Земјата ја погоди таков силен земјотрес, каков што никогаш дотогаш не се случил откога постои човекот на Земјата!

19. Големиот град Вавилон се распука на три дела, а и други градови меѓу народите беа разурнати. Бог си спомна за гревовите на големиот Вавилон и го натера да пие од чашата со жестоко вино на Неговиот гнев!

Откровение 16