25. Затоа, ви велам, да не ве мачат грижи за неопходната храна и облека кои ви се потребни за живот; зар животот не е повеќе од храна и облека за телото?
26. Погледнете ги птиците во небесниот свод: тие ни сеат, ни жнеат, ниту пак резерви си напластуваат; па сепак, вашиот небесен Татко ги храни. Та зар за Бог вие не сте повредни од нив!?
27. Можат ли сите ваши грижи, макар и за педа да ви го продолжат животот?
28. И зошто се грижите за облекувањето? Погледнете како растат полските цвеќиња: тие не се трудат, ниту предат,
29. па сепак, ви велам дека ни царот Соломон во својата најголема слава не беше накитен како еден полски цвет!