Maтеј 5:36-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. ни во својата сопствена глава, зашто не можете да создадете ни едно црно или бело влакно;

37. кажете само ,Да‘ или ,Не‘; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот.‘“

38. „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано вака: ,Око за око, заб за заб.‘

39. Јас, пак, ви велам: ,Не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.

40. Ако некој те тужи за да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото.

41. Ако некој те присили да му ги носиш торбите еден километар, ти носи му ги два километри.

Maтеј 5