Maтеј 27:63-66 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

63. Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“

64. Затоа, заповедај три дена да се чува Неговиот гроб, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат Неговото тело, па после да му кажуваат на народот дека Тој воскреснал од мртвите. Ако се случи тоа, последната лага ќе биде полоша од првата!“

65. Пилат им рече: „Еве ви стражари, па одете и чувајте како што знаете.“

66. Тие отидоа, го запечатија гробниот камен и поставија стража пред гробницата.

Maтеј 27