Maтеј 27:26-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Тогаш Пилат им го ослободи Бараба, а на своите војници им нареди да Го камшикуваат Исуса и потоа да Го распнат на крст.

27. Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници.

28. Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка.

29. Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“

30. Го плукаа и со трската Го удираа по главата.

Maтеј 27