Maтеј 26:30-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Потоа испеаја псалми и отидоа на Маслиновата Гора.

31. Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Во текот на оваа ноќ сите вие ќе Ме напуштите, како што е претскажано во Светото Писмо: ,Ќе удрам по Пастирот, и овците ќе се разбегаат!‘

32. Но кога ќе воскреснам, ќе ве чекам во Галилеја.“

33. Петар Му рече: „Дури и ако сите други Те остават, јас никогаш нема да Те оставам!“

Maтеј 26