Maтеј 23:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. А вие немојте да се нарекувате со почесни титули, бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа.

9. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото.

10. Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата.

11. Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга,

12. зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“

Maтеј 23