Maтеј 21:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.

18. Рано утредента, на враќањето во Ерусалим, Исус огладне.

19. Забележувајќи една смоква покрај патот, се доближи, но бидејќи на неа најде само лисје, ја проколна, велејќи: „Род да нема на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.

20. Вчудовидени од оваа глетка, учениците Го прашаа: „Како можеше смоквата наеднаш да се исуши?“

Maтеј 21