Maтеј 21:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. А народот одговараше: „Овој е пророкот Исус од градот Назарет, во покраината Галилеја!“

12. Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите кои купуваа и продаваа во храмот. Им ги преврте масите на менувачите на пари и тезгите на продавачите на гулаби,

13. и им рече: „Во Светото Писмо пишува дека Бог рекол: ,Мојот храм нека биде место за молитва.‘ А вие го претворивте во разбојничко дувло!“

Maтеј 21