4. Само грешни и безбожни луѓе бараат чудотворен знак, но ним нема да им биде даден никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона!“ Потоа Тој ги остави и си замина.
5. Подоцна, кога учениците на Исус се упатија кон спротивниот брег на езерото, беа заборавиле да понесат леб.
6. А токму тогаш Исус им говореше: „Чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите!“
7. Учениците почнаа да си шепотат меѓу себе: „Ова го зборува затоа што заборавивме да понесеме леб!“