Maтеј 15:35-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Тогаш Исус им заповеда на луѓето да испоседнат по земјата,

36. па ги зеде седумте леба и рибите, Му се заблагодари на Бог и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците, а тие му ги разделуваа на народот.

37. Сите јадеа и се наситија, а собраа и седум полни кошници со парчиња што преостанаа.

38. А луѓето што јадеа беа на број четири илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.

Maтеј 15