Maтеј 14:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Кога Исус слушна за погубувањето на Јован Крстител, си замина оттаму со бротче и дојде насамо на едно пусто место. Но народот од градовите дозна за тоа и се упати пеш дотаму.

14. А Тој, излегувајќи од бротчето, виде голема толпа народ. Душата Му се исполни со сочувство и ги исцелуваше болните меѓу нив.

15. На квечерина кај Исус дојдоа Неговите ученици и Му рекоа: „Доцна е веќе, а местово е пусто. Пушти ги луѓето да се вратат по селата и да си купат храна!“

16. А Исус им рече:„Нема потреба да одат; дајте им вие нешто да јадат.“

17. Тие Му одговорија: „Ние имаме овде само пет леба и две риби!“

Maтеј 14