Марко 6:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Други говореа дека Исус е пророкот Илија или некој друг од древните пророци.

16. Но самиот Ирод, откако слушна за Исус, рече: „Ова мора да е Јован Крстител! Јас му ја отсеков главата, а тој воскреснал!“

17. Имено, Ирод беше заповедал да го уапсат Јована и окован да го фрлат в затвор, сe заради Иродијада, жената на Филип, братот на Ирод, која Ирод ја беше зел за своја жена.

18. Јован постојано му зборуваше на Ирод: „Немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“

Марко 6