Марко 5:41-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

41. Исус го фати за рака и рече: „Талита, куми!“ Ова на арамејски јазик значи: „Девојче, стани!“

42. Девојчето веднаш стана и одеше. Тоа имаше дванаесет години. Сите беа вчудовидени!

43. Но Исус им нареди за ова никому да не кажуваат. Потоа им рече: „Дајте му на девојчето нешто да јаде.“

Марко 5