Марко 15:28-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. (Со тоа се исполни Светото Писмо, кое претскажа: ,Ќе биде изедначен со злосторници‘.)

29. Минувачите Го навредуваа Исуса, нишаа глави и говореа: „Ти што тврдеше дека ќе ни го урнеш храмот и за три дена повторно ќе го изградиш,

30. слези од крстот и спаси се!“

31. На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари и вероучителите, велејќи: „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси!

32. Ако е Тој Месијата и царот на Израел - нека слезе сега од крстот! Да видиме, па ќе поверуваме!“ Го навредуваа дури и оние што беа распнати со Него.

33. Напладне се спушти густа темнина по целата земја и траеше до петнаесет часот.

Марко 15