Марко 10:40-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Но не Сум Јас Тој што решава кој ќе седи од Мојата десна, а кој од Мојата лева страна. Тие места ќе им припаднат на оние за кои Бог ги приготвил.“

41. Кога останатите десетмина слушнаа за ова, им се налутија на Јаков и на Јован.

42. Затоа Исус ги повика сите заедно, и им рече: „Знаете дека оние што се прогласуваат за цареви владеат сурово над народите, а поставуваат и свои високи службеници кои ја користат својата власт над луѓето.

43. Но меѓу вас не треба да биде така! Тој што сака да биде најголем меѓу вас, нека им служи на сите!

Марко 10