Лука 23:39-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. Еден од распнатите злосторници Го навредуваше Исуса и Му велеше: „Зар не си Ти Месијата? Ајде, спаси се и Себеси и нас!“

40. Другиот, пак, го прекори и му рече: „Немаш ли малку страхопочит спрема Бога? И ти си осуден со истата казна!

41. Јас и ти сме праведно осудени и го добивме она што го заслуживме, а Тој ништо лошо не сторил!“

42. Потоа Му се обрати на Исуса: “Исусе, спомни си за мене кога ќе дојдеш во Твоето царство!“

43. Исус му одговори: „Ти ветувам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот!“

44. Беше околу дванаесет часот, кога наеднаш настапи мрак по целата земја, сe до петнаесет часот.

Лука 23