Лука 23:24-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Пилат реши да го задоволи нивното барање.

25. Им го пушти од затвор човекот чие ослободување го бараа - затвореникот за бунт и убиство - а Исуса им Го препушти на нивната волја.

26. Одведувајќи Го Исуса, војниците наидоа на еден човек по име Симон Киренеецот, кој се враќаше од полето и го натераа тој да го носи крстот за распнување на Исус, одејќи по Него.

27. По Исуса врвеше многуброен народ, меѓу нив и некои жени, кои плачеа и Го оплакуваа.

Лука 23