Лука 20:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. А Тој им одговори:

4. „Да ве прашам и Јас нешто. Кажете ми, од каде го доби Јован Крстител правото да крштава: од Бога или од луѓето?“

5. Тие почнаа меѓу себе да разговараат, прашувајќи се: „Ако кажеме дека го доби од Бога, ќе ни рече: ,Тогаш, зошто не му поверувавте!?‘

6. Ако пак кажеме дека го доби од луѓето, сиот овој народ ќе нe каменува, зашто е уверен дека Јован беше пророк!“

7. Затоа, Му одговорија дека не знаат.

Лука 20