Лука 18:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг.

20. Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си ...‘“

21. Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“

22. Слушајќи го ова, Исус му рече: „Ти недостасува уште само една работа: продај сe што имаш, раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатства на небото. Потоа, дојди и биди Мој следбеник.“

23. Кога го чу ова, човекот се разочара, зашто беше многу богат.

Лука 18