Лука 18:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Ве уверувам дека тие што нема да го прифатат Божјото царство како малите деца - нема да влезат во него!“

18. Еден од еврејските старешини Го праша Исуса: „Добар Учителе! Што треба да сторам за да се здобијам со вечен живот?“

19. Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг.

20. Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си ...‘“

21. Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“

Лука 18