Лука 17:34-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Таа ноќ, од двајца што ќе спијат во ист кревет - едниот ќе биде земен, а другиот оставен.

35. Од две жени што ќе мелат заедно - едната ќе биде земена, а другата оставена.

36. („Двајца ќе работат на нива, едниот ќе биде земен, а другиот оставен.“)

37. Учениците Го запрашаа: „Кај ќе се случи тоа, Господе?“ Тој им одговори: „Каде што е мршата - таму ќе се соберат и мршојадците!“

Лука 17