Лука 12:43-46 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

43. Блазе си му на тој слуга, ако неговиот господар, при своето враќање го затекне како си ја извршува задачата!

44. Ве уверувам дека господарот ќе го унапреди таквиот слуга, за да раководи со сиот негов имот!

45. Но ако тој слуга си рече: ,Мојот господар ќе го нема уште долго време‘ и почне да ги тепа другите слуги и слугинки, да се оддава на јадење, на пиење и на опивање,

46. тогаш, неговиот господар ќе се врати во ден во кој не го очекува и во ненадеен час, и најстрого ќе го казни, фрлајќи го меѓу оние што го изневериле.

Лука 12