Лука 12:32-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Не плаши се, мало стадо, зашто вашиот небесен Татко со задоволство ќе ви го даде Царството!

33. Продавајте ги своите имоти и разделувајте им ги парите на сиромасите. На тој начин ќе добиете торби што не се кинат, со трајно богатство на небото - таму, каде што ниту крадци провалуваат, ниту молци уништуваат!

34. Зашто, срцето секогаш ќе ви биде таму каде што ви е богатството.“

35. „Бидете подготвени - облечени за работа и со запалени светилки -

36. како слуги што го очекуваат својот господар да се врати од свадбена веселба. Штом тој ќе пристигне и ќе затропа на вратата, тие веднаш му отвораат.

Лука 12