Лука 10:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Ве уверувам дека на Судниот ден ќе му биде полесно на Содом, одошто на тој град!“

13. „Тешко тебе, Коразине! Тешко и тебе Бетцаидо! Да беа во градовите Тир и Сидон направени чудата што беа извршени кај вас, тие одамна ќе се беа покајале, облекувајќи се во покајнички облеки и посипувајќи се со пепел!

14. Но полесно ќе минат Тир и Сидон на Судниот ден одошто вие!

15. А ти, граде Кафарнауме, што се креваш на високо, дури до небото - ќе се струполиш до адот!

16. Исус им рече на Своите ученици: „Оној што вас ве слуша - Мене Ме слуша. Оној што вас ве отфрла - Мене Ме отфрла; а оној што Мене Ме отфрла - Го отфрла Бога, зашто Тој Ме испрати!“

17. Седумдесеттемина се вратија радосни, велејќи: „Господе, преку Твоето име нам ни се покоруваат и демонските духови!“

18. А Исус им рече: „Видов како падна Сатаната, како молскавица од небото!

Лука 10