Лука 1:71-77 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

71. дека ќе нe спаси од нашите непријатели и од рацете на оние што нe мразат,

72. дека ќе им се смилува на нашите предци и ќе Си спомне за Својот свет Завет.

73. Тој со заклетва му вети на нашиот прататко Авраам

74. дека ќе нe избави од нашите непријатели и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,

75. за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.

76. А ти, сине мој, ќе бидеш наречен пророк на Севишниот. Ќе Му бидеш претходница на Господ и ќе Му го подготвиш патот,

77. објаснувајќи им го на луѓето спасението што доаѓа преку простување на гревовите,

Лука 1