Лука 1:58-61 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

58. Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.

59. На осмиот ден по раѓањето го донесоа детето да го обрежат и сакаа да му дадат име Захарија, според името на татко му.

60. Но мајка му рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“

61. Тие и велеа: „Па никој од твоите роднини не се вика така!“

Лука 1