Лука 1:41-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

41. Штом Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба се размрда. Елисавета се исполни со Светиот Дух,

42. и гласно рече: „Ти си најблагословена од сите жени и благословено е Детето што е зачнато во тебе!

43. Како токму кај мене да дојде мајката на мојот Господ!?

44. Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост!

Лука 1