Јован 7:44-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

44. Некои од нив сакаа да Го уапсат, но никој не посегна по Него.

45. Стражарите, пак, се вратија кај свештеничките поглавари и кај фарисеите, а тие ги запрашаа: „Зошто не Го уапсивте?“

46. „Никој никогаш не зборувал така како што зборува Овој Човек!“ - одговорија стражарите.

47. Фарисеите, пак, им рекоа: „Да не се прелажавте и вие?

48. Не гледате ли дека никој од старешините и од фарисеите не верува во Него!?

Јован 7