Јован 7:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Зар Мојсеј не ви го даде Божјиот закон? Па сепак, никој од вас не постапува според тој Закон, туку сакате да Ме убиете!“

20. „Ти си полудел!“ - му одговорија од толпата - „Кој сака да те убие!?“

21. Исус им одговори: „Исцелив еден човек во сабота и сите се стаписавте!

22. Мојсеј ви го воспостави обрежувањето (не дека е од Мојсеј, туку од патријарсите е), и вие и во саботен ден ги обрежувате вашите синови.

Јован 7