Јован 6:48-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. Јас сум животодавниот Леб.

49. Вашите предци јадеа мана во пустината, но потоа умреа.

50. Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре.

51. Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“

52. Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“

53. Исус, пак, им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се храните од телото на Синот Човечки и не се напојувате од Неговата крв - ќе немате живот во себе!

Јован 6