Јован 6:30-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш?

31. Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“

32. Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото.

33. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“

34. „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“

35. Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни.

36. Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене.

Јован 6