28. „Што треба да правиме, за да го исполниме она што Бог го бара од нас?“ - го прашаа тие.
29. Исус им одговори: „Бог бара од вас да верувате во Оној што Тој Го прати.“
30. Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш?
31. Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“
32. Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото.
33. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“
34. „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“
35. Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни.
36. Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене.
37. Секој што Ми е даден од Татко Ми, ќе дојде кај Мене, а Јас нема да одбијам ниту еден од оние што доаѓаат кај Мене.