Јован 5:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус.

9. Човекот веднаш оздраве, си ја зеде постилката и почна да оди. Но тој ден беше сабота,

10. па затоа еврејските верски водачи му рекоа на исцелениот: „Сабота е! Забрането е да ја носиш постилката!“

11. Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“

12. „Кој е тој човек што ти го рекол тоа?“ - го прашаа тие.

13. Излекуваниот, пак, не знаеше Кој е тој човек, затоа што Исус се беше повлекол од толпата народ што беше на тоа место.

Јован 5