Јован 5:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Исус го виде како лежи и знаејќи дека веќе долго време боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?“

7. „Господине“, - Му одговори болниот - „нема кој да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата. Додека јас да втасам - друг слегува пред мене!“.

8. „Стани, земи си ја постилката и оди си, зашто Јас те исцелив!“ - му рече Исус.

9. Човекот веднаш оздраве, си ја зеде постилката и почна да оди. Но тој ден беше сабота,

10. па затоа еврејските верски водачи му рекоа на исцелениот: „Сабота е! Забрането е да ја носиш постилката!“

11. Тој им одговори: „Човекот што ме исцели, ми рече: ,Земи си ја постилката и оди!‘“

Јован 5