Јован 12:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Татко, прослави го Своето име!“ Тогаш се чу глас од небото: „Веќе Го прославив и одново ќе го прославам!“

29. Многубројниот народ што стоеше и го слушна гласот, велеше: „Загрме!“ Други велеа: „Ангел Му проговори!“

30. Исус им одговори: „Овој глас не се јави заради Мене, туку заради вас.

31. Сега е време за суд над овој свет. Владетелот на овој свет сега ќе биде соборен.

32. А кога Јас ќе бидам подигнат над земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“

Јован 12