38. Пак длабоко трогнат, Исус дојде до гробот. Тоа беше една пештера чиј влез беше затворен со камен.
39. „Тргнете го каменот!“ - рече Исус. „Господе“, - Му рече Марта, сестрата на умрениот - „четири дена поминаа откако брат ми умре и телото веќе смрди!“
40. Исус и одговори: „Нели ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава!?“