36. Тогаш присутните Евреи говореа: „Види колку го сакал својот пријател Лазар!“
37. Некои, пак, од нив рекоа: „Зарем Овој Човек што му ги отвори очите на слепиот не можеше да ја спречи смртта на Лазар!?“
38. Пак длабоко трогнат, Исус дојде до гробот. Тоа беше една пештера чиј влез беше затворен со камен.
39. „Тргнете го каменот!“ - рече Исус. „Господе“, - Му рече Марта, сестрата на умрениот - „четири дена поминаа откако брат ми умре и телото веќе смрди!“
40. Исус и одговори: „Нели ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава!?“