Јован 11:23-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. „Брат ти ќе воскресне!“ - и одговори Исус.

24. Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне на крајот, кога ќе биде воскресението.“

25. Тогаш Исус и одговори: „Јас сум Тој што воскреснува и дава живот! Секој што верува во Мене, ќе живее, дури и ако умре!

26. Секој што ќе поверува во Мене за време на својот живот, никогаш нема да вкуси вечна смрт! Веруваш ли во тоа?“

27. „Да, Господе“, - Му одговори Марта - „јас поверував дека Ти си Месијата, Божјиот Син, што Го очекувавме да дојде на светот!“

28. Откако го рече ова, Марта си замина и кришум ја повика својата сестра Марија, па и соопшти: „Учителот е овде и те вика!“

29. Штом го слушна тоа, Марија бргу стана и Му појде во пресрет.

30. (Исус се уште не беше влегол во селото, туку беше на местото каде што Марта Го пресретна.)

Јован 11