49. На ова, Натанаел Му рече: „Раби, Ти си Божјиот Син! Ти си Царот на Израел!“
50. Исус, пак, му рече: „Дали го веруваш тоа само затоа што ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш и поголеми нешта!“
51. Потоа додаде: „Ве уверувам дека ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Мене, Синот Човечки!“