Филипјаните 2:24-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас.

25. Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби.

26. Тој одвај чека да ве види, копнее да се врати дома, зашто му падна тешко што сте разбрале дека беше болен.

27. Навистина беше смртно болен, но Бог му се смилува. И не само нему, туку и мене ми се смилува, за да не ми дојде тага врз тага.

28. Брзам да го испратам, за да го видите и да му се нарадувате, па и јас да не бидам толку загрижен за вас.

Филипјаните 2