23. Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува,
24. а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас.
25. Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби.
26. Тој одвај чека да ве види, копнее да се врати дома, зашто му падна тешко што сте разбрале дека беше болен.