7. Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.
8. Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш,
9. но јас, попрво би те замолил да го сториш тоа од љубов. Затоа јас, старецот Павле, затвореник затоа што проповедам за Исус Христос,
10. те молам да му помогнеш на Онисим. Тој ми е како син, бидејќи тука во затворот го доведов кај Христос.